ВИДЕО | Чешки полицаец задавил Ром со колено врз вратот среде бел ден

Владата на Чешка ја поддржала полициската акција, нагласувајќи дека не станува збор за „чешки Флојд“, откако се појави видео од полицаец кој држи колено на рамената и вратот на Ром, кој подоцна починал, објави Би-Би-Си.

Здруженијата на Ромите биле шокирани од видеото снимено од прозорец во северозападниот град Теплице во саботата.

Тројца полицајци го опколиле човекот за да го уапсат. Неколку минути подоцна човекот лежел неподвижен на тротоарот.

„Нема Чешки Флојд“, објави полицијата, отфрлајќи ги наводите што се појавија на социјалните мрежи.

Припадниците на ромската заедница ја споредија ситуацијата со смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец седеше со колено врз вратот повеќе од девет минути во Минеаполис во мај 2020 година.

Чешката полиција наведува дека употребата на сила била неопходна затоа што човекот бил агресивен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот