ВИДЕО: Браво Марко, успешно завршено и препливувањето на релација Струга – Пештани

Петто завршено препливување на Марко Пејчиновски/Фото: facebook/Marko Pejchinovski

Младиот пливач-маратонец Марко Пејчиновски уште еднаш ја воодушеви македонската спортска јавност..

На 17 јули 2022 година го заврши и своето петто препливување за ова лето овојпат на релација Струга – Пештани.

Препливувањето (второ во јули) од 21 километар успеа да го заврши со време од 7 часа, пет минути и 59 секунди.

Потсетување дека Марко летово има план да плива 10 различни делници, во вкупна должива од околу 250 км.

Првото препливување беше на релација Радожда – Охрид (14 км) со време од пет часа и 25 минути, потоа второто беше од Радожда до Градиште (18 км) со време од шест часа и 40 минути, на третото по третпат во јуни го преплива Охридското езеро на делница од Радожда до Трпејца (20 км) за шест часа и четири минути, а четвртото препливување беше од Струга – Св. Наум (30 км) со време од девет часа и 26 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот