ВИДЕО: Благодарение на вградениот чип мајмун телепатски одигра видео игра

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Стартапот на Илон Маск (Неуралинк) вчера објави видео снимка на која се гледа како мајмун игра едноставна видеоигра откако му биле вградени импланти засновани на нова технологија

Видеото на Неуралинк долго три минути го прикажува Пејџер, макаки мажјак, кој на двете страни на мозокот има вградени чипови, како игра „Мајнд понг“. Иако бил трениран да игра користејќи џојстик, тој дел од конзолата сега е исклучен. Движењата во играта ги контролира мислејќи на движење на рацете горе или доле, пренесува Ројтерс.

„Првиот производ на Неуралинк ќе им овозможи на лицата со парализа со мислите да управуваат со смартфон побрзо отколку што некој би можел користејќи прсти“, објави Маск во четвртокот на Твитер.


Подоцнежни верзии би можеле да им овозможат на параплегичари повторно да одат, најави Маск.
„Уредот е вграден на ниво на черепот и се полни безжично, па изгледате и се чувствувате сосема нормално“, кажа тој.

Неуралинк ги снима и декодира електричните сигнали од мозокот на мајмунот користејќи две илјади електроди вградени во делот на мозокот кој ги координира движењата на рацете, се наведува во видеото.

„Користејќи ги овие податоци го калибрираме декодерот математички моделирајќи ја врската меѓу примероците и мозочната активност и различните движења на џојстикот кои ги произведуваат“.


Неуралинк е формиран во 2016 година во Сан Франциско и планот му е со вградување безжични чипови во мозокот да помогне во лекувањето на невролошките состојби како Алцхајмер, деменција и повреди на рбетот, но и да ги спои човештвото и вештачката интелигенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот