ВИДЕО: Барса не дозволи изненадување против Целје Пивоварна Лашко

фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Целје Пивоварна Лашко не успеа да направи изненадување на гостувањето против двократниот европски шампион, но Словенците долго време му парираа.

Во третото коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите, Барселона пред своите гледачи го совлада Целје со 38:30 (15:14).

Дика Мем беше прв стрелец со 10 гола кај Шпанците, додека на спротивната страна блескаше Иванковиќ со седум голови, по шест има Маргуч и Влах.

Во истата група „Б“ Кил на домашен терен ја оправда фаворитската улога славејќи над Пик Сегед со 34:29.

За Германците Екберг имаше шест погодоци, а кај Унгарците доминираше Роста кој петпати се запиша во листата на стрелците.

ЕХФ Лига на шампиони
3. коло, резултати –

Кил – Пик Сегед 34:29
Висла Плоцк – ГОГ 31:27
Барселона – Целје 38:30
Нант – Елверум 41:30

Група „А“, табела: Веспрем 6 бодови, ПСЖ 4, Магдебург 4, Висла Плоцк 4, ГОГ 3, ППД Загреб 2, Динамо Букурешт 1, Порто 0.

Група „Б“, табела: Барселона 6 бодови, Кил 4, Алборг 4, Нант 4, Келце 4, Целје 2, Пик Сегед 0, Елверум 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот