ВИДЕО: Барди и Трабзонспор триумфираа над Црвена звезда, прв гол на Роналдо во Лига Европа

Кристијано Роналдо стрелаше во победата на Манчестер јунајтед во ЛЕ/Кишинев, Молдавија/15 септември 2022/фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Денеска во второто коло од групната фаза во Лигата на Европа составот на Трабзонспор дома со 2:1 славеше над Црвена звезда.

Турците водеа по првото полувреме со голот на Марек Хамшик во 16 минута, а асистентот на тој погодок Трезеге го постигна вториот гол за домаќините.

Од 61 минута настапи македонскиот репрезентативец Енис Барди како замена за Хамшик, а 120 секунди подоцна српскиот шампион остана без еден играч на теренот поради двата жолти картони на Кингс Кангва.

Единствениот гол белградските „црвено-бели“ го запишаа во 89 минута преку Вељко Николиќ по асистенцијата на Ибрахим Мустафа.

Кристијано Роналдо го запиша својот прв гол и во второто по квалитет европско клупско натпреварување во гостинската победа на Манчестер јунајтед против Шериф Тираспол (0:2).

Португалецот стрелаше прецизно од пенал во 39 минута за зголемување на водството, а претходно во 17 минута мрежата на Молдавците ја затресе Џејдон Санчо, а асистент беше Данецот Кристијан Ериксен.

Лига Европа
2. коло, резултати –

Феенорд – Штурм Грац 6:0
Митјиланд – Лацио 5:1
Монако – Ференцварош 0:1
Олимпијакос – Фрајбург 0:3
Карабах – Нант 3:0
Реал Сосиедад – Омонија 2:1
Шериф Тираспол – Манчестер јунајтед 0:2
Трабзонспор – Црвена звезда 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот