ВИДЕО: Барди двоен стрелец против Атлетико Мадрид, важен бод за Леванте

Енис Барди го спаси Леванте од нов пораз во шпанската „Ла Лига“/Валенсија, Шпанија/28 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Biel Alino

Вечерва во 11 коло од најсилното шпанско првенство составот на Леванте ремизираше на домашен терен против Атлетико Мадрид со резултат 2:2.

Целиот меч за Леванте го одигра македонскиот репрезентативец Енис Барди кој со два гола го спаси клубот од нов пораз оваа сезона во „Ла Лига“.

„Јорганџиите“ водеа од 12 минута со голот на Гризман а во 37 минута од пенал израмни Барди, за негов прв погодок сезонава во првенството.

Гостите се вратија во минимална предност во 76 минута преку Куња, истата не успеаја да ја задржат бидејќи Барди повторно стрелаше од белата точка во 90 минута за поставување на конечниот епилог.

Тоа што не е добро за составот од Валенсија е што и натаму не знае за триумф во шампионатот, се наоѓа во опасната зона за испаѓање на претпоследната 19 позиција со шест бодови.

Претходно Гранада ремизираше со Хетафе (1:1), а Реал Сосиедад со гостинскиот триумф над Селта Виго (0:2) моментно е на првото место со 24 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот