ВИДЕО: Бајиќ во еден тајм-аут им викаше на кошаркарите, вие немате памет за овој спорт

Македонскиот селектор беше свесен дека ќе има добри и лоши моменти на теренот во Скопје/Фото: kfsm.mk

Македонската сениорска репрезентација успеа да се пласира во главните квалификации за учество на Светското првенство 2023 година.

Иако беа убедливо поразени од Словачка на последниот дуел во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје, избраниците на селекторот Драган Бајиќ благодарение на победите од 69:47 во првиот меч со Словаците и победата од 67:61 над Швајцарија ја остварија целта и го освоија првото место во групата.

Нашата селекција пред жрепката која ќе се одржи на 31 август се наоѓа во последниот осми шешир заедно со Шведска, Португалија и Словачка.

Бајиќ беше свесен дека во овие претквалификации ќе играме ослабени без стандардните првотимци, знаеше дека ќе има добри и лоши моменти во текот на натпреварите.

На мечот со Словачка во еден тајм-аут кој го повика Бајиќ им викаше на репрезентативците поради лошата игра.

– Немате памет за овој спорт! Ало, ти немаш памет, дали ти е јасно. Каков мозок може да го стори тоа. Каков е овој шут. Не сакам да играш за поени, кој си ти, ало! Никој не игра одбрана! Што правиш, те прашувам – Бајиќ им викаше на своите избраници.

Бајиќ: Лош впечаток за крај, но ја остваривме целта, ова е историски за македонската кошарка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот