ВИДЕО: Баерн и со играч помалку пресилен за Гројтер

Баерн Минхен вкупно шестпати беше европски шампион/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Баерн Минхен како гости го совладаа Гројтер Фирт со 1:3 (0:2) во првиот натпревар од шестото коло во Бундеслигата.

Прашањето околу победникот фудбалерите на Баерн го решија уште во првото полувреме кога поведоа со 0:2 со головите на Томас Милер и на Џошуа Кимих.

Иако на стартот од второто полувреме баварците останаа без Бенјамин Павар кој беше исклучен поради груб старт, постигнаа уште еден гол, во 68 минута Грисбек со неспретна реакција ја затресе сопствената мрежа. Домаќинот во финишот успеа да постигне само почесен гол преку Итен.

Со новата победа, Баерн Минхен остана лидер на табелата со 16 освоени бодови од можни 18 додека Гројтер Фирт е последен со само еден еден освоен бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот