ВИДЕО | Арсовски: Зоран Заев го советуваат дури 23 советници, кои земаат плата над 55.000 денари

Во моментов сме среде најголема здравствена и економска криза, каде што секојдневно броиме починати, а Зоран Заев и владата се расфрла со луксуз. Зоран Заев завчера си ги објави платите на своите кабинетски советници, што мора да признаеме покажува невидена дрскост, ароганција и практично им се смее на граѓаните во лице, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Најпрвин не се објавени сите плати на сите советници, а не се објавени ниту платите на Националните координатори кои што ги поставува Зоран Заев за да има примирје во својот кабинет од сите оние кои што останаа без функција. Зоран Заев го советуваат дури 23 советници, кои земаат плата над 55.000 денари. Вкупната сума што се дава месечно за нето плата за овие советници на Заев изнесува секој месец над 20.000 евра. Годишно од државниот буџет и од Буџетот на граѓаните за плати на овие кабинетски советниците на Заев се двојат над 240.000 евра. 240.000 евра годишно за 23 луѓе кои што се нарекуваат советници на Зоран Заев- вели Арсовски.

-Во време кога граѓаните живеат со 2 евра дневно, кога Република Македонија тоне во сиромаштија, кога државата е најзадолжена до сега и е во ризична зона, кога над 40.000 ученици не можат да следат онлајн настава само заради тоа што нивните родители немаат доволно услови да им обезбедат ИТ технологија еден советник на Заев секој месец зема над 55.000 денари. Толку од штедливоста на Заев. Единствено гледаме луксуз и расфрлање на парите на граѓаните. Никој не знае дали и колку инвестиции донел Љубе Бошковски како советник на Зоран Заев за странски инвестиции, иако граѓаните знаат дека не донел ниту една, ниту пак воопшто извршил разговор со било која странска компанија– рече Арсовски.

ВИДЕО | Битиќи: Трошењето пари за платите на советниците на Заев е нужно, не е непродуктивно

Никој не знае, вели Арсовски, што работи на пример поранешниот протокол на Зоран Заев, г-ѓа Хаџиевска која е советник за меѓународни односи и зема плата над 55.000 денари, а од меѓународни односи гледаме само гафови на погрешени знамиња, буквално на секоја средба  каде што самите си ја брукаме државата и македонскиот народ и дури граѓаните сес рамат од нив.

-Дополнително, кога Зоран Заев и кабинетот имаат намера да ги објават платите на Националните координатори кои што ги постави Зоран Заев и нормално колку се на број? Кога ќе видиме отчетност што сработиле Националните координатори заедно со овие кабинетски советници? Додека нема услови низ болниците да се лекуваат болните, Заев троши стотици илјади евра на нето плати за своите советници кои како што можевме да видиме ништо паметно не го советувале изминатиот период- рече Арсовски.

Најплатен е Верушевски, Владата ги објави платите на советниците на Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот