ВИДЕО | Арсенал одигра реми со Леверкузен во првиот меч од осминафиналето во ЛШ
Во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите, фудбалерите на Баер Леверкузен денеска одиграа нерешено 1:1 со Арсенал на домашен терен.
Препорачано
Немаше многу возбудувања во првите 45 минути, двата тима имаа само еден удар во рамките на голот, Арсенал имаше малку повеќе посед на топката, додека Баер имаше поголем вкупен број обиди, вкупно шест, а гостите од Лондон имаа три.
Најдобрата шанса во првото полувреме се случи во 19 минута, кога напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, ја погоди пречката по асистенцијата на Ѓекереш.
Германскиот тим прв стигна до предност, откако на самиот почеток од второто полувреме, во 46 минута, капитенот на домашниот тим, Роберт Андрих, најдобро се снајде по корнер и со глава ја испрати топката во мрежата на гостинскиот голман.
Иако се очекуваше голема офанзива на Арсенал од тој момент, момците на Микел Артета не го загрозија сериозно противничкиот гол сè до 88-тата минута, кога Каи Хаверц постигна гол од пенал, откако Тилман претходно го фаулираше Мадуеке.
Реваншот помеѓу Арсенал и Баер Леверкузен ќе се игра на 17 март на стадионот „Емирати“ во Лондон.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
3мин
-
5мин
-
9мин
-
15мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


