ВИДЕО: Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала

фото: Андреас Трајковски со нов национален рекорд до второто место на митингот во Архус, Данска

На меѓународниот атлетски митинг под капата на Светска Атлетика во Архус македонскиот атлетичар Андреас Трајковски на отворањето на сезоната го собори македонскиот рекорд во скок во далечина во сала.

Трајковски оствари резултат од 7,67 метри со што го освои второто место на митингот во Данска, што е негов најдолг скок до сега на првиот натпревар.

Претходниот државен рекорд во сала изнесуваше 7,65 сантиметри, во сопственост исто на Трајковски поставен во 2022 година.

Инаку македонскиот рекорд на отворено во скок во далечина, кој исто е во сопственост на Трајковски изнесува 7,91 метар.

На видео записот погледнете го новиот најдобар македонски скок во далечина во сала:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот