ВИДЕО | Ана Бекута 40 дена молчела за смртта на мајка ѝ, сега се прости со потресни зборови

Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Одмори се во вечноста на твојата љубов, мила моја мајко“, напиша српската пејачка Ана Бекута во својата проштална порака.

Откако пред неполни две години го загуби својот партнер Милутин Мркоњиќ, Ана Бекута повторно доживува огромна болка поради смртта на својата мајка Милица.

Дека изминатиот период за пејачката бил многу тежок, докажува фактот дека за тажната случка не зборувала сѐ додека не поминале 40 дена од смртта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)


Ана за својата болка и периодот низ кој поминува се огласи со потресна порака:

„Поминаа 40 дена откако во царството небесно замина мојата добра мајка Милица, а јас засекогаш престанав да бидам нечие дете. Кога умира мајка, умира цел свет, но и последната грижа за тоа зошто доцните од пат и секое тивко претчувство дека нешто не е во ред, бидејќи нејзе и се присторило дека гласот на телефон ви е различен. Со секоја мајка умира и една умешност во готвење, еден начин на сервирање на масата, една историја, една фамилија, еден начин на љубов и една универзална, а сепак уникатна грижа за детето кое одамна е нечија мајка. Одмори се во вечноста на твојата љубов, мила моја мајко“, напиша Ана на својот инстаграм-профил, а многу обожаватели и колеги ѝ изразија сочуство.

Градоначалникот на Осиек: Концертот на Ана Бекута и Кеба нема да се одржи во нашиот град

Ана Бекута се огласи за концертот во Пула: Ѓубрето не може да биде српско или хрватско

ФОТО | „Љубовта е долготрпелива“: Ана Бекута растажи многумина со пораката за љубениот Мрка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот