Градоначалникот на Осиек: Концертот на Ана Бекута и Кеба нема да се одржи во нашиот град

Фото: Инстаграм/Ана Бекута/Драган Којиќ - Кеба/Pexels/Andrea Music

Откако беше забранет во Пула, концертот на турбофолк ѕвездите Душко Кулиш, Драган Којиќ – Кеба, Ана Бекута и Зорана Миќановиќ нема да се одржи ни во хрватскиот град Осиек, каде што организаторите од продукцијата „Хилјадарка“ планираа да го преместат.

За разлика од Пула, каде што организаторите потпишале и договор за одржување на концертот, во Осиек не ни дошло до такво нешто. Градоначалникот на Осиек, Иван Радиќ смета дека таквиот тип музика е неприфатлив за градскиот простор.

„Осиек е средноевропски град, кој има изразена европска димензија, град кој интензивно се развива во вистинска словенска метропола, град кој ја има најголемата културна манифестација во Источна Хрватска – Осиекското лето на културата, која докажува дека таа култура и уметност совршено ѝ одговараат на градот на Драва.

Исто така, Осиек е и град на концети, забава и дружење. Иако не мислев дека меѓу приоритетите со кои секојдневно се занимавам ќе се најде и прашањето за тоа кој ќе изнајми сала за концерти, мора да се постават некои граници.

Одлуката за неодобрување на турбофолк концертот во градската сала повлекува различни дебати за тоа каде и како да се повлече линијата. Тоа не значи дека оваа одлука не треба да се донесе. Од медиумите дознавам дека нашиот град е претставен како заменска, но сигурна опција за организација на турбофолк концерт (иако, помалку важно за оваа тема, договорот со салата не е потпишан).

Со оглед на идентитетот на градот што го развиваме и кон кој целиме, ваквата „промоција“ секако не е правиот и посакуван пат што го поддржувам. Не сакам да влијаам врз личните музички преференци, но сметам дека треба да се биде селективен во изборот на содржините што се нудат на јавниот и градскиот простор.

Како заклучок, концертот кој стана предмет на дискусија нема да се одржи во градот Осиек“, пишува градоначалникот Радиќ.

Повеќе на оваа тема:

„Нема место за турбофолк“: Градоначалникот на Пула забрани концерт на Ана Бекута и Кеба

Ана Бекута се огласи за концертот во Пула: Ѓубрето не може да биде српско или хрватско

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот