Сузан Бојл - Фото: EPA/PETER ENDIG/ Инстаграм/susanboylemusic

ФОТО | Седумнаесет години по настапот што ја прослави, Сузан Бојл се враќа на големата сцена речиси непрепознатлива

Шкотската пејачка Сузан Бојл, која во 2009 година ја воодушеви светската јавност со својот спектакуларен настап во шоуто „Британија има талент“ (Britain’s Got Talent), направи драстична промена во својот изглед и го најави своето големо враќање на музичката сцена. Сузан  во далечната 2009 година ја изведе песната „I Dreamed a Dream“ и го остави тогашното жири на натпреварувањето без зборови, пренесува „Пипл“.

Иако не победи во шоуто и заврши на второто место, нејзиниот настап стана планетарно вирален хит, пејачката имаше успешна музичка кариера во која продаде десетици милиони албуми.

Во последните неколку години, таа повремено се повлекуваше од јавноста поради здравствени проблеми, вклучувајќи и полесен мозочен удар. Но, неодамна на својот Инстаграм профил објави фотографија на која изгледа непрепознатливо.

Бојл сега има руса коса со шишки и се облекува во многу помодерен стил. Таа позираше во бунда и тренерки, а целиот изглед го надополни со очила за сонце. Во описот на фотографијата кратко напиша:

„Новата ера започнува утре“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Susan Boyle (@susanboylemusic)

Веднаш потоа, потврди дека се работи за нова песна. Сузан позираше во тренерка со натпис „Just One“, што е воедно и насловот на нумерата која наскоро ќе ја објави. Нејзините обожаватели и следбеници се апсолутно воодушевени од нејзиното враќање на сцената.

„Знаеше дека ни е потребна“, „Мадона сигурно ќе го откаже објавувањето на својот нов албум“, „Конечно се враќа таму каде што припаѓа“, се само дел од коментарите под нејзината објава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот