Српската полиција и обвинителството во рамки на истрагата во која се собрани различни материјални траги, дојдоа до клучни докази против криминалните групи на Вељко Беливук наречен Веља Невоља, Марко Миљковиќ и Дарко Елез, во текот на вештачењето на мобилните телефони на припадниците на овие екипи, како и на нивните соработници, јавуваат српските медиуми.
Во телефонот на една од приведените девојки, која е сослушана во просториите на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК) се пронајдени фотографии од сакатење на луѓе, објавува Новости.
Станува збор за лица чие исчезнување е официјално пријавено во полиција. Споменатата девојка се согласила на соработка и засега е на слобода. Таа, меѓудругото се товари дека е дел од екипата која перела пари заработени од криминалот на Беливук и Миљковиќ, кои фактички биле подружница на „кавачкиот клан“ во Србија.
– Овие фотографии се доставени и до Обвинителството за организиран криминал. Тоа се многу монструозни детали, наведува изворот.
Инаку, групата на Веља Невоља е уапсена пред еден месец на различни локации и тоа во момент кога сите тргнале да ги запалат автомобилите за да уништат траги од злосторства. Оваа криминална група се сомничи за најгнасни криминални дела како киднапирања, мачења и убиства. Осомничена е дека стои и за исчезнувањето на повеќе од 10 мажи во Белград.
Засега се осомничени за три свирепи убиства, а опсежната истрага против припадниците на овој клан се уште е во тек – пребарани се сите локации кои ги користела оваа криминална група, засолништата, сефовите, но и ноќните клубови кои ги обезбедувале и во кои поминувале подолго време. Во тек се сослушувања на сите кои имаат некакви врски со оваа опасна криминална организација, која меѓудругото, тесно соработувала со црногорскиот кавачки клан.
ВИДЕО | Андоновиќ: Србија во очекување на снимките на бруталност на кланот на Веља Невоља