ВИДЕО | Андоновиќ: Србија во очекување на снимките на бруталност на кланот на Веља Невоља

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

Српската јавност е во очекување да ги види снимките запленети при акцијата на апсењето на криминалната група на Вељко Беливук познат како Веља Невоља.

Вучиќ: До четврток ќе прикажеме нешто морничаво за кланот на Веља Невоља, луѓето да ги тргнат децата

Најавата дека снимките ќе бидат прикажани во јавност ги соопшти минатата недела лично претседателот Александар Вучиќ кој изјави дека Србија и светот треба да знаат колку била опасна и сериозна оваа криминална група. На снимките според Вучиќ се гледа бруталноста со која криминалците од групата се служеле во пресметките со своите мафијашки ривали, како и со лицата кои одбивале да плаќаат рекет на оваа група.

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Она што привлече внимание во изјавата на престедателот на Србија е неговиот повик граѓаните да ги тргнат децата и лицата со „слаб стомак“ од ТВ екраните во време кога ќе се емитуваат снимките бидејќи на нив имало експлицитно и досега невидено насилство.

Групата наводно ги снимала ликвидациите и мачењата на своите ривали и потоа ги препраќале до другите потенцијални жртви со закана да видат што ќе им се случи доколку не соработуваат со кланот на Веља Невоља. Покрај криминалот и трговијата со дрога, оваа група е осомничена дека се обидувала да организира и атентат врз претседателот Вучиќ.

Во операцијата беа запленети нестандардни оружја за мафијашките пресметки, како што е снајпер со кој се претпоставува деека требало да биде ликвидиран српскиот претседател.

Особена дамка на целиот случај фрли и сомнежот дека зад оваа група стојат високи функционери на владеачката СНС на Вучиќ како и високи безбедносни функционери, кои според досегашните обвинувања имале за цел да го ликвидираат Вучиќ и да ја преземат власта во Србија.

Останува денеска да се види што точно има на сликите и кои се новите полициски сознанија во истрагата, аво очекување е и екстрадицијата на еден од водачите на овој клан Дарко Елез кој се наоѓа во притвор во Сараево.

Досие „Навивачи“: Мавај, снимај – Како падна Веља Невоља

Криминалната мрежа на Веља Невоља: До кило – дилер, над кило – деловен партнер

Како пропадна криминалниот план на Дарко Елез и Веља Невоља да го формираат најопасниот клан во Србија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот