Веспрем „прегазен“ од Кил – Ландин го запре Манасков! (ВИДЕО)

facebook.com/veszpremhandballteam/

Во дербито од машката ракометна Лига на шампионите денеска Веспрем на домашен терен загуби од составот на Кил со конечен резултат 31:37. За унгарскиот клуб настапи македонскиот ракометар Дејан Манасков кој не се запиша во листата на стрелците, односно имаше 0/4 обиди.

Данскиот голман Никлас Ландин во редовите на „зебрите“ имаше одлични перформанси, Дејан Манасков немаше решение за расположениот дански голман.

На видео записот можете да погледнете како чуварот на мрежата двапати го запре нашето репрезентавно крило.

Кај стрелците за Веспрем по пет голови запишаа Омар Јахиа и Андрес Нилсон, а за германската екипа осум погодоци запиша Харалд Реинкинд, по седум Никола Билик и Лукас Нилсон.

Во истата група Ц денеска заврши уште еден меч Монпелје на гости триумфираше над Мешков Брест со 25:27. В недела ќе биде комплетирана втората рунда, македонскиот и европски шампион Вардар во СЦ „Јане Сандански“ од 17.00 часот е домаќин на Порто, а Келце од 20.00 часот ќе се соочи со Мотор Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот