Писонеро: Порто е еден од најдобрите во светот што игра „7 на 6“!

Слободен печат

В недела до 17.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје, македонскиот и европски шампион Вардар ќе го игра вториот натпревар, прв домашен сезонава во ЛШ против Порто од Португалија.

„Црвено-црните“ стартуваа успешно во рамките од групата Б со значаен триумф во Франција против екипата на Монпелје со резултат 31:33. Екипата на Порто пред своите гледачи после првото полувреме иако имаше негатива од 9:15 против Мешков Брест, во вториот дел направија комплетен пресврт против Белорусите (27:25).

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро предупреди дека победата во Франција нема да вреди доколку не се оствари позитивен резултат против Порто.

Слободен печат

– Ни следува важен меч против Порто после победата над Монпелје на стартот од Лигата на шампионите. Мораме да бидеме максимално концентрирани, очекувам еден тежок меч против Португалците. Нема да вреди триумфот против Монпелје, доколку не славиме во неделниот дуел. Мораме да бидеме внимателни, бидејќи екипата на Порто е една од најдобрите во светот што практикува игра „7 на 6“, значи не сме навикнати често на таков поразличен ракомет. Имавме тежок меч против Металург во Суперкупот, ги чувавме силите кај некои важни ракометари, а битно е да се напомене дека полека, но сигурно се опоравуваат повредените Стоилов и Толедо кои со тек на време очекувам да се вратат официјално на тренинзите – изјави Писонеро на денешната прес-конференција.

Руското лево крило на Вардар, Тимур Дибиров е возбуден што стартува нова сезона во Лигата на шампионите…

– Навистина е посебно чувството кога сте шампиони, едвај чекаме да бидеме на теренот в недела. Нормално возбудени за новата сезона во ЛШ. Очекувам полна сала и секако целосна поддршка. Секој меч е тежок во ова натпреварување, без разлика дали играте против Порто, Кил, Келце на домашен или гостински терен. Порто ја применува играта „7 на 6“ и мораме да бидеме внимателни. Дефинитивно не е исто кога се игра „6 на 6“ и „7 на 6“, затоа треба да се адаптираме. Одиме чекор по чекор, само напред – рече Дибиров.


Сите кои нема да имаат можност да бидат во сала, директен пренос од натпреварот ќе можат да погледнат на МРТ и Арена Спорт 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот