Верувајте им на сите жени, освен на Амбер Херд! Познатиот актер згрозен од поранешната на Џони Деп

Фото: Профимедиа/ Принтскрин/Јутјуб

Комичарот Крис Рок (57) ја „нападна“ Амбер Херд откако сведок во нејзината парница против поранешниот сопруг Џони Деп призна дека таа навистина го оставила сопствениот измет во брачниот кревет што го делеше со холивудскиот актер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Rock (@chrisrock)


Крис Рок во текот на снимањето во Лондон, се пошегувал дека треба да им се верува на сите жени, освен на оние кои вршат нужда во кревет, како што е Амбер Херд (36), пренесува „Дејли мејл“.

– Верувајте им на сите жени, всушност, верувајте им на сите жени освен на Амбер Херд. На што е, по ѓаволите, таа? Извршила нужда во неговиот кревет. Откако ќе извршите голема нужда во нечиј кревет, едноставно веќе сте виновни за сè. Што по ѓаволите се случувало таму? – рекол комичарот.

Тој, всушност, се осврнал на сведочењето на Стерлинг Џенкинс Трети, возачот и телохранител на Деп, кој на суд на 28 април потврди дека Амбер оставила „изненадување“ во нејзиниот и креветот на Деп по една од кавгите во 2016 година. На интернет кружи дури и фотографија од оваа одвратна глетка.

Џенкинс истакнал дека Амбер, додека ја возел на фестивалот Коачела во Калифорнија, му рекла дека „нуждата била ужасна шега што тргнала наопаку“.

џони деп амбер
Фото: Профимедиа

Деп открил дека ја видел фотографијата од креветот и дека единственото нешто што можел да направи е да се насмее на „бизарното однесување“ на својата поранешна сопруга.

– Ми ја покажа фотографијата на својот телефон, тоа беше фотографија од нашиот кревет, а на мојата страна од креветот имаше човечки измет. Беше толку бизарно и гротескно што можев само да се смеам – рекол познатиот актер.

Амбер претходно го негираше бизарниот инцидент, потоа сакаше да се извлече со тоа дека изметот бил на нивното куче, но, на крај призна, дека таа го направила тоа.

Да потсетиме, судењето за клевета меѓу поранешните сопружници по седумдневна пауза во Вирџинија, продолжува.

Зошто Џони Деп и Амбер Херд не се на суд оваа недела и што ги очекува кога ќе се вратат

Амбер Херд призна дека физички го нападнала Џони Деп: Се лутам кога губам!

Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот