Зошто Џони Деп и Амбер Херд не се на суд оваа недела и што ги очекува кога ќе се вратат

Амбер Херд и Џони Деп
Фото: EPA

Правниот случај помеѓу Џони Деп и Амбер Херд, кој се емитуваше во живо беше парада на гадни, вознемирувачки детали од нивната врска, која заврши во 2016 година кога Херд поднесе барање за развод и доби забрана за доближување поради семејно насилство против Деп, обвинувајќи го актерот дека физички и вербално ја малтретирал (наводи кои Деп ги отфрли).

Речиси еден месец по почетокот на 12 април и уште две недели до крајот (се очекува завршните аргументи да се случат на 27 мај) – еве го резимето на судењето досега:

Што е во прашање во случајот на Џони Деп против Амбер Херд?

Значајна сума на пари. Деп ја тужи Херд за 50 милиони долари врз основа на авторски текст од 2018 година што таа го напиша за „Вашингтон пост“, во кој ги објаснува нејзините искуства како жена која има преживеано семејна злоупотреба. Иако Деп никогаш не се спомнува по име, неговите адвокати тврдат дека било јасно, врз основа на тоа како временската линија во написот на Херд се совпаѓа со временската рамка на врската на парот и дека написот ја оштетил кариерата и угледот на Деп. Иако неговата кариера веќе имаше претрпено удари до објавувањето на авторскиот текст, Деп сведочеше дека „Дизни“ го отфрлил од франшизата на „Пиратите од Карибите“ неколку дена подоцна. Според сведочењето на неговиот менаџер, тоа значело губење на 22,5 милиони долари за да ја репризира улогата на капетанот Џек Спероу.

Како одговор, Амбер Херд поднела и противтужба од 100 милиони долари. Нејзиниот тим тврди дека била клеветена кога Деп и неговиот правен тим ги нарекле нејзините наводи лажни (тимот на Деп ги нарече „измама за сексуално насилство“).

Фото: Профимедиа

Зошто е судењето во Вирџинија?

Сè се сведува на авторскиот текст на Херд од 2018 година: тој напис беше објавен од „Вашингтон пост“, кој ги сместува компјутерските сервери за неговото онлајн издание во Ферфакс, Вирџинија. Тимот на Херд неуспешно се обиде да го суди случајот во Калифорнија, каде што живеат Херд и Деп. Адвокатите на Деп веруваат дека законите на Вирџинија го поддржуваат нивниот случај.

Зошто не се на суд оваа недела?

Вообичаените постапки од понеделник до четврток се на чекање од 9 мај до 12 мај, додека судијата Пени С. Азкарате присуствува на претходно закажанан ангажман. Деп и Херд ќе се вратат на суд во понеделник, 16 мај.

џони деп
Поранешните сопружници / Фото: EPA-EFE

Што да очекувате кога ќе се вратат?

Деп имаше свое време на трибината и следниот чекор во сведочењето на Херд е испрашување од тимот на Деп. Врз основа на одделни изјави од нивните тимови, ќе има огномет.

„Како што советникот на г-дин Деп правилно предвиде во нивните воведни изјави минатиот месец, г-ѓа Херд навистина ја испорача „изведбата на нејзиниот живот“ при нејзиното директно испитување“, рече портпаролот на Деп во изјавата, која заврши со: „Претстојното испитување од тимот на г-дин Деп ќе разјасне многу работи и сигурно ќе ги истакне многуте заблуди што г-ѓа Херд сега се обиде да ги пренесе како факт низ нејзиното згрчено сведочење“.

ФОТО+ВИДЕО | Херд се „скрши“: Џони Деп ме силуваше со шише и ги извалка ѕидовите со крв

Завршните зборови на Џони Деп: Бев жртва на семејно насилство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот