ФОТО+ВИДЕО | Херд се „скрши“: Џони Деп ме силуваше со шише и ги извалка ѕидовите со крв

Амбер Херд
Амбер Херд за време на своето сведочење / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

За време на судењето, на кое Џони Деп ја обвини својата поранешна сопруга Амбер Херд за лажни наводи за злоупотреба, актерката сведочеше дека Деп ја силувал со стаклено шише и дека ги извалкал ѕидовите од куќата со нејзината крв.

Херд ги откри сите детали и целосно се скрши за време на нејзиниот говор, а според адвокатите на Деп – нејзиното сведочење е само глума.

Наводно, нападот се случил во март 2015 година во куќата во која живееле, а која Деп ја купил за време на снимањето на петтото продолжение на серијалот „Pirates of the Caribbean“. Глумецот тогаш го повредил прстот, откако Амбер фрлила шише кон него.

„Во еден момент викаше на мене дека ме мрази, дека сум му го уништила животот. Ме држеше за вратот. Го гледав во очи, но како да не го гледам. Тоа не беше тој, сѐ беше црно“, се присети Херд.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Никогаш во животот не сум била толку исплашена. Гледаше во мене. Се обидував да дојдам до него, да му кажам дека тоа сум јас. Се обидував да дојдам до Џони. Ми го удираше задниот дел на главата од шанкот и не можев да дишам. Се сеќавам дека се обидов да станам и да му кажам дека ме повредува. Но, не можев. Не можев да дишам, не можев да станам“, сведочеше актерката.

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Потоа, актерката откри и како се чувствувала кога Деп ја силувал со стаклено шише.

„Не можев да го почувствувам тоа, не чувствував болка, не чувствував ништо. Видов толку скршено стакло и помислив: ‘Се надевам дека не е скршено (шишето)’. Не знам како заврши тоа, не знам како се симнав од работната маса. Се сеќавам дека завршив во бањата. Се сеќавам дека повраќав, се сеќавам на звукот кој го испушташе мојот глас. Се сеќавам дека имаше крв на подот“, раскажа таа.

Како потсетување, судењето на Амбер Херд и Џони Деп трае веќе четири недели.

Имено, Деп бара од Херд да му исплати 50 милиони долари поради текстот кој го објави во „The Washington Post“ и во кој таа тврдеше дека е жртва на семејно насилство.

Потоа, Херд му возврати со противтужба во износ од 100 милиони долари бидејќи смета дека тој сака да ја заплаши и замолчи со неговите тужби.

ВИДЕО | Твитерџиите ја „сотреа“: Амбер нема свои зборови, користи филмски реплики на сведочењето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот