Амбер Херд призна дека физички го нападнала Џони Деп: Се лутам кога губам!

По 4четири години борба по судници со страшни фотографии, обвинувања и написи во медиумите, Амбер Херд ПРИЗНАВА дека го „удирала“ поранешниот сопруг Џони Деп со садови, тави и вазни во експлузивна аудио-исповед која ја објави DailyMail, со што целата приказна добива сосема спротивен пресврт.

Познатата актерката (33) „се отвора“ во врска со нејзините насилни испади во низа разговори кои се снимени додека се обидувале да разговараат за нивните брачни проблеми!

Вознемирувачката епизода е една од бројните судири кога двојката се расправа за време на неформалната двочасовна сесија на „терапија“, снимена консензуално на мобилниот телефон на Амбер Херд, за која DailyMail тврди дека ја добиле од релевантен извор.

„Извини што не ти удрив пристојна шлаканица“, се слуша како зборува Амбер, алудирајќи на тоа дека не го удрила Деп по лицето, туку фрлала со предмети на него.

„Не можам да ветам дека нема да бидам насилна. Се лутам кога губам“, меѓу другото се слушаат зборовите на Амбер.

Како што наведува DailyMail, најверојатно постојат уште снимки и секоја ветува „понатамошни бомби“, бидејќи поранешните љубовници буквално „тргуваат“ со крвни тврдења за семејно насилство во случајот за граѓанска клевета, поднесен минатата година од Џони Деп.

„Си заминав вчера. Искрено, ти се колнам, си заминав бидејќи не можев да ја проголтам идејата на повеќе насилство, повеќе физичко насилство меѓу нас“, се слуша потиштениот глас на Џони Деп.

„Затоа што ќе продолжевме, и ќе станеше уште полошо за двајцата. Бејбе, ова ти го кажав веќе еднаш. Исплашен сум до смрт, ние сме е*ено криминален случај!“, и вели Џони Деп на Амбер Херд.

Но, она што дава друга димензија на обвинувањата на Амбер Херд – која поднесе барање за развод во мај 2016 година, обвинувајќи го Џони Деп дека ја тепал за време на нивниот „токсичен“ 18-месечен брак, се токму предупредувањата како: „Не можам да ти ветам дека нема повторно да станам физички насилна. Господе понекогаш е*ено се лутам што губам!“.

Џони Деп поднесе тужба за клевета од 50 милиони американски долари во Вирџинија, откако Херд напиша став за „Вашингтон пост“ во кој со детали ги приложува своите искуства како наводна жртва на семејно насилство.

„Станав јавна личност, која беше жртва на семејно насилство и ја почувствував целата сила на гневот на нашата култура, и она за што жените зборуваат“, напиша таа во написот во Вашингтон пост, во декември 2018 година, во кој не се спомнува името на Џони Деп.

По написот, Џони Деп тврди дека тоа четиво го „врамило“ како насилник, оштетувајќи му го угледот и е главната причина што ја изгуби својата ценета улога на капетанот Џек Сперау во „Пиратите од Карибите“.

Неговата тужба вели дека тој е жртва на „сложена измама“ поттикната од Амбер Херд, со цел да генерира позитивен публицитет за себе и да си ја унапреди кариерата.

„Госпоѓицата Амбер Херд не е жртва на семејно насилство – таа е насилник“, тврди тој.

„Таа ме туркаше, ме удираше и ме клоцаше. Исто така, Амбер пречесто фрлаше предмети по моето тело и глава, вклучувајќи тешки шишиња, лименки со сода, запалени свеќи, далечински управувачи и потенки лименки со боја, со што во неколку наврати ме повреди сериозно.“

Амбер Херд на овие тврдења одговори со нејзино сведочење на 300 страници, опишувајќи ја „грозоморната“ злоупотреба за која тврди дека ја претрпела од Џони Деп, опишувајќи го како „чудовиште“ и потпирајќи се на многу обвинувања што ги направила за време на нивниот развод.

Нејзината датотеката против Џони Деп содржи фотографии од модринки и лузни, прамени од коса очигледно искинати од нејзината глава, како и фотографии од искршен мебел за да го илустрира насилството на кое наводно била подложена, откако стапила во врска, па брак со Џони Деп.

Парот се венча во февруари 2015 година, но се раздели за помалку од две години, кога Херд побара ограничувачки налог кон нејзиниот сопруг Џони Деп поради тврдења дека тој и фрлил мобилен телефон во „фаца“ во нивниот дом во Лос Анџелес.

Амбер Херд тврди дека полицијата има докази за тој напад кој се случил на 27.05.2016 година, но двајца полицајци на полицијата во Лос Анџелес (LAPD) подоцна изјавија дека не пронашле ништо за да сугерираат дека се случило кривично дело!

Проблематичната двојка на крајот се согласи на спогодбата за развод во вредност од 7 милиони американски долари, во август 2016 година – за која Амбер вели дека ја донирала за добротворни цели.

Ексклузивните снимки со кои располага DailyMail се направени околу една година претхотно, кога „сјајниот брак“ полека, но сигурно се распаѓаше пред очите на јавноста.

Сè започна откако Амбер Херд почна да го обвинува Џони Деп дека ја „земал здраво за готово“, се однесувал како „сопруг на одмор“ и „заминувал“ секој пат кога се расправале.

Џони Деп се жали дека бил принуден да си замине бидејќи Амбер станувала премногу „лута“, и како што се слуша во снимките, велејќи и,: „Нема физички да се расправам со тебе… е*ено ме удри вчера вечер“, на што додава: „Јас не сум тој што фрла садови или што и да е кон мене“.

Времепловот на односот меѓу некогашните сопружници Амбер Херд и Џони Деп накратко изгледа вака

3 февруари 2015 година
Џони Деп и Амбер Херд се венчаа на приватна церемонија во нивниот дом во Лос Анџелес, четири години откако се запознаа на сетот за филмот „The Rum Diaries“. Парот го прослави стапувањето во брак со раскошен прием на идиличен приватен остров на Бахамите, што Деп го купи во 2004 година за 3,6 милиони долари.

23 мај 2016 година
Амбер поднесе барање за развод по 15 месеци брак, повикувајќи се на „непомирливи разлики“. Четири дена подоцна, судијата издаде привремен ограничувачки налог против Џони Деп во врска со обвиненијата за семејно насилство. Слики од наводните повреди на Амбер Херд ги ПРЕПЛАВИЈА таблоидите, но полицијата во Лос Анџелес (LAPD) не најде докази за кривично дело.

16 август 2016 година
Амбер Херд ги повлече своите обвинувања за семејно насилство, бидејќи со Џони Деп постигнаа договор за развод во вредност од 7 милиони американски долари. Нивниот брак бил „многу страствен и на моменти нестабилен, но секогаш врзан со љубов“, изјавуваа поранешните актери тогаш – „Никогаш немаше намера за физичко или емоционално оштетување“.

18 декември 2018 година
Вашингтон пост објавува став на Амбер Херд, амбасадор за женски права во Американската унија за граѓански слободи, барајќи поддршка за жени кои страдаат од семејно насилство. „Пред две години, ЈАС ЛИЧНО станав јавна личност која беше жртва на семејно насилство и злоупотреба и ја почувствував целата сила на гневот на нашата култура за жените што зборуваат“, пишува тогаш Амбер Херд.

1 март 2019 година
И покрај тоа што не беше наведен во конкретната статија, Џони Деп поднесе тужба за клевета од 50 милиони американски долари во Circuit Court Fairfax, Вирџинија велејќи дека инсинуира дека е насилник и токму тоа четиво го отпушти од мегапопуларната франшиза „Pirates of the Caribbean“. Џони Деп ги ОТФРЛИ обвинувањата на Амбер Херд како „ИЗМАМА“ и тврдеше дека всушност ТОЈ бил жртва на семејно насилство!

10 април 2019 година
Амбер Херд поднесе предлог да ја отфрли жалбата, наведувајќи повеќе од десетина случаи на физичко насилство кое се случило помеѓу 2012 година, кога се преселила со Џони Деп, па се до мај 2016 година, до нивниот развод. Таа го опишува како „чудовиште“ во поднесокот на 300 страници.

20 мај 2019 година
Џони Деп се спротивстави на предлогот за отфрлање тврдејќи дека Амбер Херд ги НАШМИНКАЛА модринките на лицето, избришала битни податоци и фабрикувала докази против него. Тој негира дека некогаш злоставувал или нападнал жена и за нејзините тврдења вели: Ќе продолжам да ги негирам до крајот на животот!

The post Амбер Херд призна дека физички го нападнала Џони Деп: Се лутам кога губам! appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот