Верстапен за новата сезона во Формула 1: На почетокот ќе се издвојат два тима…
Холанѓанецот кажа што мисли за новата сезона во која Формула 1 претрпува големи промени
Макс Верстапен, четирикратниот шампион во Формула 1, зборуваше за новата сезона во ова натпреварување, давајќи интересно предевидување.
Препорачано
– На почетокот разликата меѓу тимовите ќе биде многу голема, тоа е секогаш кога се воведуваат нови правила во Формула 1. Ќе има еден или два тима кои ќе започнат многу подобро од другите, а потоа со текот на времето ќе стане порамноправно. Надежта е дека прилично брзо може да се појави избалансирана ситуација – изјави адутот на Ред бул, не кажувајќи на кој тим или тимови мисли, кога зборува за почетната надмоќ.
Built in the light. Also, driven in the light.#F1 || #RedBullRacing pic.twitter.com/IX5SSmzEr0
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) January 20, 2026
Фрмула 1 претрпе најголема промена во прописите во својата историја. Меѓу другото, идната сезона погонската единица кај автомобилите ќе се состои од поделба 50/50 помеѓу електричната енергија и моторот со внатрешно согорување. Ќе има големи промени и во аеродинамиката…
Barcelona shakedown 🔜 #F1 || #RedBullRacing pic.twitter.com/sDroKIDlkI
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) January 19, 2026
Сезоната ќе започне на 8 март во Австралија, ќе има 24 трки, а ќе заврши на 8 декември во Абу Даби. Актуелен шампион е Ландо Норис од Мекларен.


