EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Верстапен суров кон новиот колега Цунода: Нека се снаоѓа самиот

Јуки Цунода треба да дебитира за Ред Бул претстојниов викенд во Сузука, но, не треба да очекува помош од колегата Макс Верстапен кој не е среќен со новиот тимски партнер

Актуелниот првак во Формула 1 Макс Верстапен порача дека Јуки Цунода мора да ги решава работите сам додека се пробива во Ред Бул.

Јапонецот Цунода ќе го има своето деби за Ред Бул на трката за Големата награда на Јапонија овој викенд, откако беше повикан на местото на Лијам Лосон, кој не одговори на задачите и доби „прекоманда“ во вториот тим на Ред Бул.

На прашањето дали мисли дека Цунода заслужува да биде вклучен во Ред Бул, Верстапен одговри неодредено.

– Секој што се обидува да успее во овој спорт, работи на тоа секој ден и сигурно заслужува шанса…Но, на крајот, не зависи од мене. Тој самиот мора да се справи, бидејќи моето искуство можеби не е негово искуство – изјави Верстапен за медиумите на Сузука.

Познато е дека Верстапен е незадоволен од тоа колку брзо Ред Бул одлучи да го прекомандува Лосон од Ред Бул во Рејсинг Булс и да го земе Цунода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот