ВЕРОЈАТНО ГО ИМАТЕ ВО КУЈНАТА: Избричете ги нозете со оваа намирница и тие ќе ви бидат мазни како свила!

Фото: Профимедиа

Ако поради некоја причина повеќе сакате да се бричите отколку да ги депилирате нозете, потребно е да го знаете овој трик.

Едно од се попопуларните кујнски намирници во служба на убавината последниве години е маслиновото масло, кое е особено корисно за нега на кожата затоа што не ги затнува порите и е сосема природно.

Најпозитивната страна за употреба на маслиновото масло при бричењето е тоа што сигурно нема да имате локален осип по отстранувањето на влакната и дополнително на тоа, маслиновото масло ќе има корисен ефект врз кожата. 

Исто така, маслиновото масло содржи антиоксиданти кои имаат антиинфламаторно дејство, па додека ја изложувате кожата на стрес како што е бричењето, истовремено и ќе го потхранувате вашето тело со хранливи материи.

Имајте на ум дека едната рака треба да остане сува за да не ви се лизне вашиот брич, а со другата треба да нанесете маслиново масло на вашата кожа. Ќе бидете воодушевени од резултатот – мазна, блескава и мека кожа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот