Венецуелката Рохас постави светски рекорд на СП во Белград

Јулимар Рохас постави светски рекорд во трискок/ фото: EPA-EFE/J.J.Guillen

Атлетичарката од Венецуела, Јулимар Рохас постави светски рекорд на Светското првенство во атлетика во сака што се одржува во Белград.

Рохас постави нов светски рекорд во дисциплината трискок, новото најдобро време сега изнесува 15.74 метри што исто така е најдобро остварување и на отворено.

Венецуелката скокна дури 31 сантиметар повеќе од претходниот рекорд во сала, додека седум сантиметри повеќе од рекордот на отворено.

Со рекордното остварување, Рохас го реализира ветеното пред да пристигне во Белград, ќе го нападне светскиот рекорд.


Четирикратната светска шампионка и актуелна олимписка шампионкa рекордот го постави во последната шеста серија.

Второто место и сребрениот медал го освои Украинката Марина Романчук, додека третото место и припадна на Кимберли Вилијамс од Јамајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот