Венчани се, не живеат заедно, а функционираат одлично: Гвинет Палтроу прослави две години брак со сопругот! (ФОТО)

Profimedia
Profimedia

Само два дена откако наполни 48 години славната актерка има уште една причина за славење…

Холивудската актерка Гвинет Палтроу (48) и нејзиниот сопруг продуцент и режисер Бред Фалчук (49) прославија вчера две години од бракот.

Пандемијата на коронавирусот му попречи на парот годишнината да ја прослави како што доликува, па наместо вечера во ресторан и прослава, тие се одлучија за уживање во природата и чист воздух.

„Втората година, протуркана“, напиша актерката во описот на заедничката слика.

Фото: Инстаграм

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук го изговорија судбоносното „да“ во тајност на 29-ти септември во 2018 година, а церемонијата беше одржана во раскошната вила во Хемптонс во круг од 70 најблиски лица. Поради тоа огромниот имот на кој живее актерката го обезбедуваше голем број на телохранители, со цел љубопитните да не успеат да пријдат.

Деталите од венчавката Гвинет во јавноста ги откри два месеци подоцна.

За овој свечен ден таа носеше венчаница на модната куќа „Валентино“, додека младоженецот носеше „Том Форд“ одело.

По венчавката многу медиуми зборуваа за нивниот неконвенционален начин на живот, а Гвинет во едно интервју откри дека нејзиниот сопруг останува во нејзиниот дом четири ноќи неделно пред да се врати во својот дом.

Фото: Инстаграм

Гвинет Палтроу за својот љубовен живот изјави:

„На средина на животниот век повторно ја почувствував сета онаа комплексност на љубовта. Таа ме зема, а јас само се предадов. Не само затоа што верувам дека во Бред Фалчук пронајдов човек со кој сум среќна туку и поради тоа што тој ја придвижи мојата душа и ми покажа дека интимата, и покрај моите деца, можам повторно да ја делам со маж, без страв од повредување“.

Оскаровката и продуцентот се запознаа во 2010 година, а во врска се од август 2014 година, а се верија на почетокот на 2018 година. Пред Бред, Гвинет беше во брак со музичарот Крис Мартин, со кој има ќерка и син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот