Велковски и Риека извисија, Кејн се врати во Тотенхем со гол, Партизан успеа да се пласира во Конференциската лига

Партизан во реваншот во Белград успеа да ја анулира негативата од еден гол/ фото: EPA-EFE/EDUARDO COSTA

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски и неговиот тим Риека не успеаја да обезбедат пласман во групната фаза во новоформираната Конференциска лига.

Риека во реваншот на плеј-офот е поразена со 0:2 на домашен терен од ПАОК иако првиот натпревар заврши 1:1.
Грчкиот тим уште во 11. минута поведе со голот на Ел Кадури, а точна на натпреварот стави Мург на десет минути до крајот на средбата.

Пласман во групната фаза на Конференциската лига обезбеди Партизан кој во дуелот со португалската Санта Клара успеа да ја анулира негативата од 1:2 и во Белград на реваншот да слави со 2:0.
Гомес во 25 минута му донесе водство на Партизан, а Саничанин само две минути подоцна зголеми на 2:0, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

 Хари Кејн по одлуката и оваа сезона да го носи дресот на Тотенхем, се врати на терените и веднаш се запиша во листата на стрелци.  Тотенхем славеше со 3:0 против Фереира, а Кејн ги даде првите два гола, во деветтата и во 35. минута. Конечниот резултат го постави Џовани Ло Селсо во 70. минута.

Жрепката на одредување на групите ќе се одржи утре во 13 часот.

Резултати:
Каират – Фола 3:1  4:1 на првиот натпревар
Жилина – Јаблонец 0:3  1:5
Линколн – Рига 3:1  1:1
Бодо – Жалгирис 1:0  2:2
Анортозис – Хапоел Бер-Шива 3:1  0:0
Рома – Трабзонспор 3:0  2:1
Копенхаген – Сиваспор 5:0  2:1
Елфсборг – Феенорд 3:1  0:5
Витесе – Андерлехт 2:1  3:3
Розенборг –Рен 1:3  0:2
ЦСКА Софија – Плзен 3:0  0:2
Хамарби – Базел 3:1  1:3  3:4 на пенали
Макаби Хаифа – Нефчи 4:0  3:3
Макаби Тел Авив – Шахтер 2:0  2:1
Гент – Раков 3:0  0:1
Риека – ПАОК 0:2  1:1
Сент Џонсон – ЛАСК 0:2  1:1
Унион Берлин – КуПС 0:0  4:0
Тотенхем – Фереира 3:0  0:1
Абердин – Карабак 1:3  0:1
Шамрок – Флора 0:1  2:4
Партизан – Санта Клара 2:0  1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот