Веља Невоља ќе го издадат неговите: За убиствата и касапењата ќе сведочат блиски соработници кои се договораат со обвинителството

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

Одредени припадници на групата на Вељко Беливук наречен Веља Невоља, понудиле соработка на Обвинителството за организиран криминал на основа на која би можеле да добијат статус на сведок соработник. Меѓутоа, за таков чекор би морале да бидат исполнети неколку услови.

Апсењето на Вељко Беливук и неговата група покрена лавина реакции во Србија, но и во регионот, а јавноста е шокирана од секојдневните информации за криминалите на групата. Дознато беше дека Беливук е осомничен дека заедно со припадниците на својата група брутално мачел, а потоа и убивал лица кои со месеци се водат како исчезнати.

Пронајдени се различни докази, од биолошки траги во викендици ширум Србија, преку оружје и дрога, големи суми на пари, со кои е откриена поврзаноста на Беливук со одредени припадници на Министерството за внатрешни работи, а Танјуг објави дека одредени луѓе на Веља понудиле соработка на Обвинителството.

– Она што би можело да се очекува е одредени припадници на групата на Веља да добијат евентуално статус на сведок соработник. Овој статус може да се примени доколку се работи за тешки кривични дела, тешко убиство, киднапирање, недозоволено производство, чување, носење и продажба на оружје и експлозивни материи, илегално производство, чување, носење и продажба на опојни дроги и други, објаснува за Блиц.рс, Ненад Стефановиќ, претседателот на Здружението на судии и обвинители на Србија.

Како што објасни јавниот обвинител, при својот избор на ваков сведок од припадниците на една организирана група, мора да се води сметка за два закони.

– Тоа не смее да биде лице во однос на кое веќе постои основано сомневање дека е организатор на групата и дека значењето на исказот на тој сведок за откривање, докажување или спречување на други дела на истата група е потежок од последиците на кривичното дело кое го сторил, објаснува Стефановиќ.

За таков договор ќе одлучува судија за претходна постапка од специјалното одделение за организиран криминал на Вишиот суд во Белград.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот