ВИДЕО: Страотни детали од мачењето на „Пинк пантерот“ Љепоја: Свирепите убијци 18 пати ги изнесувале парчињата од телото

Членот на познатата група крадци „Пинк пантер“, Милан Љепоја, кој бил жртва на српската криминална група предводена од Вељко Беливук, бил ѕверски измачуван цели 24 часа, а неговото распарчено тело во повеќе наврати било изнесувано од „викендичката на ужасот“.

Криминалната организација на Вељко Беливук, попознат како Веља Невоља, имаше подмолен модус операнди. Според српските медиуми, криминалците своите жртви ги намамувале на „состанок“ преку пријател, а потоа го носеле на тајна локација од каде им се изгуби секаква трага.

Мафијашки пресметки во Црна Гора: Ќе го разнеселе со 3,2 килограми пластичен експлозив

Дури 13 мажи исчезнаа минатата година во Белград, а како што сега се сомнева, зад сите овие исчезнувања стои екипата на Веља Невоља. За жал, сите докази сугерираат дека исчезнатите повеќе не се живи и дека биле убиени на најмонструозни начини. Она што сега е јасно е дека суровата криминална група на Веља секојпат им приоѓаше на жртвите на ист начин!

Пред да исчезне и тој добил прецизи инструкции како да се подготви за „состанокот“. Упатствата биле: „оставете го вашиот мобилен телефон дома за да не нè пресретнат, дојдете со такси на договорената локација“ … Еден од кодовите за состанокот беше „Одам да видам (или да купам) автомобил“. Неколку семејства на исчезнатите млади момчиња и рекле на полицијата дека тие го оставиле телефонот дома пред исчезнувањето и рекоа дека одат со пријател да го погледнат автомобилот. Никогаш не се вратија од тие состаноци.

„Падна“ нов член на групата на Веља Невоља: Уапсен екс полицаец од Лозница кој сменил идентитет во Владо Георгиев

Според последните детали од истрагата, Љепоја бил намамен во „викендичката на ужасот“ во Ритопек, на периферијата на Белград, со помош на трет осомничен, Дарко Тешиќ, кој го довел со автомобил Фолксваген Пасат и им го препуштил на водачот на бандата, познат како Веља Неволја, и неговата десна рака, Марко Миљковиќ Маре, кои се снимени на безбедносните камери како доаѓаат во куќата. Од тој ден, 9 декември, на Љепоја му се губи секоја трага.

Додека траело грозоморното мачење, убијците вкупно 18 пати ги изнесувале парчињата од телото на Љепоја со автомобил Опел Астра, покажуваат снимките до кои дојде полицијата.

Вучиќ: Криминалната група околу Беливук беше ужасно силен огранок на мафијашкиот клан од Црна Гора

Според изворот од истрагата, двајцата водачи на криминалната банда се сомневале дека Љепоја е близок со ривалскиот Шкаљарски клан и дека има намера да го преземе управувањето со подземјето во Ниш, а тоа било главниот мотив за свирепото убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот