Мафијашки пресметки во Црна Гора: Ќе го разнеселе со 3,2 килограми пластичен експлозив

Фото: Борис Пејовиќ

На минатонеделната конференција за печат на црногорското Специјално државно обвинителство (СДО) биле опишани детаљи за тековните истраги кои спречиле неколку обиди за опасни меѓусебни мафијашки пресметки, по промената на власта во државата

Специјалното државно обвинителство (СДО) и службениците на Секторот за борба против организираниот криминал на Црна Гора спречиле убиство на Слободан Кашчелан, еден од наводните водачи на криминалниот клан Кавач, кој требаше да биде ликвидиран на 22 јануари додека доаѓал во Вишиот суд во Подгорица во блиндиран автомобил.

Според информациите од истрагата, тој ден Кашчелан требало да биде нападнат на еден од семафорите во Подгорица додека бил во автомобилот – планот на криминалната група бил да активира импровизирана експлозивна направа, што би ја поставиле со приближување кон неговото возило и прицврстување со магнет. Двајца членови на групата со мотор требало да чекаат за активирање на разорната бомба, а доколку Кажелан преживеел, би му пришле и ќе го застрелале од непосредна близина. Дента на Кажелан требаше да му се суди во Високиот суд во Подгорица, каде е обвинет за перење пари, но судењето беше одложено.

Специјалниот обвинител Саша Каѓеновиќ информира на прес-конференција дека реализацијата на криминалниот план е „прекината во времето на злосторството“, без да објасни детали за тоа каде и како бил спречен планот на организацијата. Тој вели дека во акцијата на полицијата е откриена експлозивна направа со голема деструктивна моќ, тешка 5,8 килограми, со полнење од 3,2 килограми пластичен експлозив. „Според досега собраните докази, оваа експлозивна направа била подготвена за ставање на покривот на возило во движење. Прелиминарните изјави на експертите велат дека да експлодирала, радиусот на штетата би бил најмалку 100 метри од местото на експлозијата .“

Скапи атентати

Обвинителот појасни и дека тоа утро, членови на истата криминална организација имале намера да ги ликвидираат и белграѓаните Веjко Беливук и Марко Миjковиќ, исто така членови на кланот Кавач, а планот бил да ги застрелаат додека стојат во ред за проверка на билетите во зградата на Тиватскиот аеродром.

Во полициската акција се уапсени неколкумина осомничени, на кои им се одредени притвори. Кај нив се најдени два пиштоли, десетици парчиња муниција, панцирен елек и други средства наменети за извршување на кривичното дело на аеродромот „Тиват“. Одземено е и патничко возило, кое било наменето за пристигнување на сторителите на кривичното дело на аеродромот и за бегство по ликвидациите. Обвинителите сметаат дека злосторничкото здружение било организирано во 2019 г. од Јанко Вукадиновиќ, кој со години бил во затвор поради трговија со дрога, но и учество во двојно убиство во центарот на Подгорица.

„Се работи за иста криминална организација. За ликвидациите во Тиват требале да добијат меѓу 700.000 и 1,3 милиони евра, а за делото планирано во Подгорица 500.000 евра“, информира обвинителот Каѓеновиќ.

Во Будва, пак, во текот на минатиот викенд, е спречено убиството на Марко Љубиша наречен „Кан“, при што се уапсени српските државјани Лазар Илиќ и Страхиња Савиќ заради подготовка на ликвидацијата. „Тие планирале, според упатствата на за сега непознатите организатори на криминалната организација, во еден угостителски објект во Будва, со употреба на огнено оружје да го лишат од живот М.Љ. Во извршените претреси на еден стан во Будва пронајден е пиштол со кој требало да се изврши злосторството, како и друга опрема – шифрирани мобилни телефони што се користеле за комуникација помеѓу членовите на криминалната организација и за добивање упатства за активностите на нејзините членови “, изјави обвинителот Каџеновиќ.

Ништо без политика…

Во случајот на истрагата за политичка корупција и понудата од 21 милиони евра на вицепремиерот Дритан Абазовиќ, специјалното државно обвинителство спровело анализа врз основа на сведочењето на Абазовиќ и други информации и не нашло елементи за покренување кривична постапка.

„Господинот Абазовиќ не беше службено лице во времето за кое станува збор, а има и други детаљи што не можам да ги соопштам. Но, сè беше утврдено во согласност со Законот за кривична постапка и Кривичниот законик. Абазовиќ беше испрашуван и тој сведочеше и одговори на сите прашања поставени од Обвинителството, а врз основа на сведочењето и другите факти и сознанија, решивме дека во овој случај нема основано сомневање дека некое лице сторило кривично дело“, изјави Катниќ.

„Мојата смена е нивна цел“

Главниот специјален обвинител даде и сеопфатен одговор на прашањето како го коментира соопштението на Владата и министерот за правда за измените во Законот за обвинителство, со кој се предвидуваат и промени во организацијата на СДО.

„Министерството за правда може да предложи закон, знаете дека во 2015 г. беше донесен Законот за специјалното државно обвинителство, кој имаше поддршка од меѓународните пријатели и партнери, особено од колегите од Хрватска кои учествуваа во донесувањето на овој закон, врз основа на посебни искуства што ги имале во слични активности. Тоа е навистина добар закон, што како организациски закон ни даде можност да постигнеме такви резултати“, рече Катниќ.

Обвинителот истакна дека постои рационална, логична потреба за промена на одредени норми што можат да ги кочат активностите. „Но, во овој случај, очигледно, единствената цел е да се сменат главниот специјален обвинител и специјалните обвинители кои се во Специјалното државно обвинителство. Ништо повеќе. Тоа значи дека тоа е целта на законот. Тоа би значело дека овие обвинители кои работат сега нема да можат да продолжат да работат и тоа ќе мора да го преземе Врховното обвинителство и обвинители кои не работеле на овие случаи“, вели Катниќ. Тој нагласи дека ако новиот закон биде усвоен, тој ќе биде „правна, организациска и општа катастрофа на црногорското судство“.

„Ова е само борба криминалните организации да се репозиционираат, односно едната да надвладее над другата, со цел непречено извршување на тешки кривични дела и стекнување моќ“, оцени Катниќ.

Запрашан за парламентарната истрага за банкарската на сметка на претседателот Мило Ѓукановиќ, Катниќ рече дека СДО ги испитало сите обвиненија против него. „Имаме кривични пријави против Ѓукановиќ на нашата веб-страница и сите тие се одбиени.“

„Некои веруваат дека не ни оди добро, дека сме селективни и исполитизирани, но можете да видите дека не сме“, нагласи Катниќ.

 Преземено од „Вијести“ од Подгорица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот