Вчеравечер регистриран уште еден земјотрес во Македонија со јачина од 3,5 степени по Рихтер

Земјотрес /Фото: МИА

Земјотрес со интензитет од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 22.38 часот во близина на Гостивар.

– Во 22.38 часот се случил земјотрес со магнитуда 3,5 според Рихтер, со епицентар на 21 километар југозападно од Гостивар, на длабочина од 5 километри. покажуваат податоци на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Послаб потрес е евидентиран во 15.15 часот, со магнитуда 2,2 според Рихтер, на длабочина од 2 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот