Вавринка не размислува да игра на УС Опен: Условите во Њујорк се невозможни

twitter.com/ATP_Tour

Трикратниот грен слем шампион, Станислас Вавринка се наоѓа пред откажување на евентуалното учество на грен слем турнирот во САД.
Очекувано, главна причина за отказот на швајцарскиот тенисер е пандемијата на коронавирусот.

– Условите во западниот дел од светот се невозможни. Откажувањето на турнирот во Вашингтон предизвика големи сомнежи во главите на тенисерите – изјави Вавринка.

Швајцарецот се наоѓа во Нион и се подготвува за продолжение на сезоната и турнирите на зејмена подлога, што значи дека ќе остане во Европа.

– Не сакам да одам во САД под овие услови, поради ситуацијата со корнавирусот. Њујорк е меѓу најпогодените градови од коронавирусот, а редоследот на турнири по УС Опен ќе биде тежок. Доколку се одржеше турнирот во Вашингтон ќе имавме вистинска турнеја која ќе влијаеше на мојата одлука. На крајот, сите мои сомнежи и неизвесност се поврзани со карантинот – додава Вавринка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот