18 C
Скопје

Вавринка: Да му делам лекции? Ѓоковиќ носи поголема одговорност од сите нас!

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка не верува дека тенисот наскоро ќе се врати на старото и дека еден од показателите за тоа беше и „Адриа Тур“.

Освојувачот на три грен слем турнири смета дека во ситуацијата со коронавирусот, воопшто не е лесно да се организираат вакви комплицирани настани со многу учесници, дури и кога нема публика.

Тенисот ќе биде последниот спорт кој ќе се врати во нормала – верува Вавринка недолго откако ВТА ​натпреварувањат се вратија со турнирот во Палермо и додека се очекува дека ќе се случи слично нешто и со АТП кон средината на овој месец во САД.

Имаше малку професионален тенис во последните пет месеци и каде што имаше, немаше конкуренција. Еден од предизвиците на организацијата беше забележан и на „Адриа Тур“ во Белград, на која Вавринка посвети посебно внимание.

Потсетување дека „Адриа Тур“ се организираше од страна на семејството Ѓоковиќ како хуманитарен и егзибициски турнир кој беше успешно завршен во Белград, но потоа беше откажан пред финалето во Задар откако Бугаринот Григор Димитров објави дека е позитивен на Ковид-19.

Новак само ги следеше директивите на здравствените власти во земјите каде што требаше да се одржи турнирот. Но, како светски рекет број 1, тој има поголема одговорност од кој било друг играч. Тој требаше да биде малку повнимателен, но не е на мене да му делам лекции – објасни Вавринка.

Вавринка не размислува да игра на УС Опен: Условите во Њујорк се невозможни

Швајцарецот во петокот објави дека нема да игра на турнирите во САД и дека не сака да биде дел од „УС Опен“ под овие услови.

Има сериозен здравствен проблем, особено во Њујорк, а и распоредот на турнири кои следат после тој грен слем е тежок – се зборовите на Вавринка.

Поврзани вести

Реал Мадрид ќе ја „украде“ желбата на Барселона!?

Слободен печат

Куп: Еуро Никел 2005 го елиминираше Гостивар

Слободен печат

ВИДЕО: Слушнете ја официјалната химна на Европското првенство

Слободен печат

Работнички е вториот полуфиналист во Купот на Македонија

Слободен печат

ВИДЕО: Надал во полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим!

Слободен печат

Холандија е силна и без Ван Дајк: Селекторот Де Бур со 34 кандидати за ЕП!

Слободен печат

Остави Коментар