Васко Ковачевски: Опремата што ја набавивме ја користевме, а не ја чувавме во хангар
Поранешниот директор на ЕСМ ги демантира обвинувањата на сегашното раководство на РЕК Битола
Tендециозни и неосновани се обвинувањата дека новонабавената механизација се чувала 3 години во хангари во РЕК Битола, вели Васко Ковачевски, поранешен директор на ЕСМ.
Препорачано
– Како поранешен генерален директор на АД ЕСМ во период кога е набавена новата механизација и истата е ставена на располагање на подружниците РЕК Битола и РЕК Осломеј, можам одговорно да потврдам дека во периодот додека бев на раководна функција (мојата оставка е од 6 април 2023, пред една и пол година) истата максимално и согласно потребите е користена. За поточни информации и детали добро е да се обратите до предходните и сегашните директори на РЕК Битола и РЕК Осломеј кои верувам дека детално ќе ве информираат и потврдат колку и како механизацијата била во функција. Сметам дека тендециозни и неосновани се обвинувањата дека новонабавената механизација се чувала 3 години во хангари во РЕК Битола. – изјави за „Слободен печат“ Ковачевски.
Купена механизација за 17 милиони евра за ископ на јаглен стоела три години во хангар!


