Вашите патики имаат непријатен мирис? Еве што треба да додадете додека ги перете!

Фото: Профимедиа

Непријатен мирис на патиките! Ако патиките или чевлите ги носите секојдневно, голема е можноста тие да почнат да мирисаат непријатно! Во тој случај погледнете што треба да додадете за време на перењето!

За да исчистите патики и да се ослободите од непријатните мириси, пробајте го овој едноставен метод.

Комбинацијата на пот и топлина е совршена за развој на бактериите. За да ги исчистите патиките и да се ослободите од непријатните мириси, испробајте го овој едноставен метод. 

Фото: Профимедиа

Потребени ви се детергент и оцет. Доколку патиките можат да се перат во машина за перење, ставете ги на лесно и топло перење (не претерувајте со топлината со цел да не се стопи нивниот лепак) со мала количина детергент и една чаша оцет. Не додавајте омекнувач за алишта бидејќи тој може само да ја влоши работата.

Откако ќе завршите со  перењето, ставете ги патиките на сонце или провев да се исушат. Никогаш не ставајте ги патиките во машина за сушење алишта бидејќи така лепилото може да ослабне и патиките да се распаднат.

Доколку патиките не се соодветни за да ги исперете во машина, исперете ги рачно користејќи ги истите состојки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот