Вардар триумфираше против Еурофарм Работник – Слободен печат
РакометСпорт

Вардар триумфираше против Еурофарм Работник

Денеска во малата сала од СЦ „Јане Сандански“ во контролна средба европскиот шампион Вардар славеше со 32:30 (20:13) против Еурофарм Работник.

Вардар кој се подготвува за новата натпреварувачка сезона ја продолжи победничката серија после освојувањето на трофејот на турнирот во Требиње (БиХ).

Тренерот на „црвено-црните“, Писонеро „експериментираше“ пред заминувањето следната недела за С. Арабија на „Супер Глоуб“. На трибините беше плејмејкерот Павел Атман, а претходно десниот бек Жозе Толедо имаше операција на коленото, но и двајцата би требало да биде на располагање кај шпанскиот стратег за неофицијалното клупско СП.

Вардар – Еурофарм Работник 32-30 (20-13)

ВАРДАР: Гедбан 1 (2 одбрани), Кугис (1 одбрана), Кизиќ, Гогов, Кристопанс 4, Дибиров 8, Дисингер 3, Скубе 5, Горпишин 2, Чупиќ 5, Пелко 2, Шишкарев, Димитриоски 2, Кукуловски, Карапалевски, Ќосевски, Гашовски

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК: Чаневски, Митревски, Трајкоски, Јотиќ 2, Маркоски 4, Стјепановиќ 4, Вегар 2, Ѓукиќ 1, М. Петровски 1, Граџан 1, Радовиќ 6, Кузмановски 2, Ојлески, Чурлевски, Д. Петровски, Кукоски, Шевелев 4, Маџовски 1.

Прв стрелец во победничките редови беше Дибиров кој реализираше осум голови, по пет имаа Скубе и Чупиќ.

Пријателски натпревар Вардар ќе одигра и со АЕК, но истиот ќе биде од затворен тип. Грчкиот тим го освои турнирот во Струга што се играше претходнава недела.

Еурофарм Работник го освои второто место на турнирот во Струга во саботата, а заминуваат веднаш на нов турнир во Добој. Битолскиот тим заедно со Вардар ќе играат во СЕХА Гаспром лигата и ЕХФ Лигата на шампионите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close