АЕК Атина победник на Струшкиот турнир
Екипата на АЕК Атина е победник на 47. издание на ракометниот Струшки турнир откако во финалето го совлада Еурофарм Работник со 27:23. Во првото полувреме двете екипи имаа свои минути но ниту една не успеа да направи поголема предност и на паузата се замина со 14:13 за Еурофарм Работник.
Но, во второто полувреме АЕК заигра многу пообро, па со серија од неколку голови најпрво стигна до 22-18, а потоа умешно го одржуваше водството за конечните 27-23.
Најпрецизни во тимот на Еурофарм Работник беа Невен Стјепановиќ и Елмир Граџан со по шест постигнати голови.
Третото место му припадна на шведскиот тим Гуиф Ескилстуна, кој во малото финале славеше над домаќинот Струга со резултат 28-26. На петтата позиција се пласираше македонскиот суперлигаш Бутел, кој на денешниот дуел триумфираше против Пролетер со 34-29.