Вардар го совлада Охрид и во последното коло ќе бара „услуга“ од Алкалоид

фото: facebook.com/rkvardar

Ракометарите на Вардар 1961 со триумфот над Охрид со 29:22 во македонската Суперлига остануваат во игра за шампионската титула.

После првото полувреме играчите предводени од тренерот Владо Недановски водеа со четири голови разлика (15:11).

Во победничките редови Петриќ осум пати се запиша во листата на стрелците, а на спротивната страна Цисар запиша шест погодоци.

На едно коло до крајот на сезоната, водечки е актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 38 бодови, два повеќе од Вардар на второто месот со 36.

На 2 јуни Еурофарм Пелистер во Битола ќе го пречека Алкалоид кој сигурно завршува како трет во првенството, додека Вардар ќе му гостува на Бутел.

Скопските „црвено-црни“ ќе мора да одат на победа против Бутел, но и се надеваат на пораз на Еурофарм Пелистер на кој ќе му биде доволен и бод против Алкалоид да ја одбрани титулата.

Потсетување дека во финалето од Купот на Македонија составот на Алкалоид пред шест дена во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада Еурофарм Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот