Вардар го промовираше дресот со кој ќе настапи во Келн (ВИДЕО)

Вардар и Вардар Фаншоп во соработка со ракометарите и со Hummel подготвија ограничена серија на дресови што од денеска се пушта во продажба во фаншоп продавницата и on-line на www.vardarfanshop.com.

Промоцијата на новиот дрес со кој тимот ќе настапи на двете средби во Келн на 1 и 2 јуни, се одржа во Фаншопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Под мотото „Нов дрес, иста цел – победа во Келн” изгледот на новиот дрес го промовираа Мартин Поповски и Кристијан Дисингер.

Новите дресови со промотивна цена oд 2.490,00 ден се достапни во традиционалните, црвено и црна боја што е „домашен дрес” за настап кога вардарци се домаќини, и во белата боја, коишто се гостински дресови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот