Вардар елиминиран, Рајн Некар е ривалот на Филип Талески во Европската лига

фото: facebook.com/rkvardar

Ракометниот клуб Вардар 1961 не успеа преку квалификациската рунда да се најде во групите на ЕХФ Европската лига за новата сезона 2023/2024.

Сите дилеми околу двомечот против Рајн Некар Левен беа решени уште во првиот натпревар кога Германците триумфираа во СЦ „Јане Сандански“ со 25:34.

И на денешниот реванш скопските „црвено-црни“ беа поразени, но овој со помала разлика од 37:33 и достојно се простија од меѓународната ракометна сцена оваа сезона.

Играчите на Владо Недановски во текот на првото полувреме неколку пати имаа и предност од два голови разлика (7:5, 8:6). Водеа и на стартот од вториот дел со 18:17, а оттогаш па до самиот крај на дуелот домаќините константно ја одржуваа својата позитива и запишаа уште еден триумф против македонскиот претставник.

Најефикасен во редовите на Вардар во реваншот беше Лазаревски со седум голови, по шест имаат Јагуриновски и Петриќ.

Рајн Некар Левен во новата сезона од ЕХФ Европската лига ќе игра во групата „А“ против Нант (Франција), Кристијанштад (Шведска) и Бенфика (Португалија). Потсетување дека во јули нашиот репрезентативец Филип Талески потпиша за Бенфика доаѓајќи токму од редовите на РК Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот