Фото: Профимедиа

Вака правилно се стерилизираат теглите за зимница: Една важна работа речиси сите ја забораваат

Домаќинките веќе наголемо подготвуваат сè што е потребно за зимница, а некои полици веќе ги красат тегли со сок од домати, џем и мармалад. Иако, ќе се согласите, полесно е да се оди до продавница и да се купи готов производ, жените од нашите простори и понатаму остануваат верни на традицијата и вкусот кој ништо не може да го замени.

Фото: Профимедиа

Она што е најважно кога станува е во прашање е подготвувањето на зимницата е правилната подготовка на шишињата и теглите. Овој чекор не смеете да го прескокнете, бидејќи ако шишињата или теглите не се 100 отсто чисти, целиот труд може да ви пропадне.

Фото: Профимедиа

Дека советите на нашите баби се вредни како злато, докажуваат и овие, со помош на кои на најдобар и најбрз начин ќе ги подготвите теглите и шишињата за зимница.

Првото нешто што треба да направите е добро да ги измиете стаклените тегли и шишиња со детергент за садови што вообичаено го користите. Кога ќе се исцедат, нежно избришете ги со чиста памучна крпа.

Задолжителен чекор е стерилизацијата на стаклената амбалажа во која ќе ја ставите зимницата. Загрејте ја рерната на 100 степени, наредете ги теглите во плех така што отворот да им биде свртен надолу и ставете ги да се загреат 15-20 минути.

Внимателно извадете ги од рерна и слободно ставајте џем, ајвар, зеленчук…, додека теглите сè уште се топли.

Фото: Профимедиа

Меѓутоа, она на што многумина забораваат се тапите и капаците, кои исто така треба да бидат совршено чисти, а наш совет е да ги проварите во големо тенџере.

Водич за зимница: Стари рецепти од нашите баби за најдобри домати, пиперки и кисели краставички

ВИДЕО | Зимница без конзерванси: Кисели пиперки полнети со зелка

Моќната кисела зелка – штити од рак, го помага варењето, го зајакнува имунитетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот