Вајда верува во Ѓоковиќ: Новак не го кажа последниот збор

Новак Ѓоковиќ и Маријан Вајда соработуваа 15 години/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Маријан Вајда изјави дека тешко му падна тоа што се случуваше со неговиот тенисер во Мелбурн. Но, во исто време, Вајда е убеден дека Ѓоковиќ не го кажал последниот збор.

– Не сакав да се огласувам додека траеше сагата, и морав да се смирам бидејќи се уште не разбирам зошто му го направија тоа. Долго време немам видено таква неправда. И медиумите имаат своја вина бидејќи манипулираа со информациите – вели Вајда кој открива дека комуницирал со Ѓоковиќ преку  пораки.

– Новак не користеше многу телефон. Му праќав пораки со поддршка. Не можам да замислам како му беше, веројатно многу патеше. Истрпе се што му направија, го обележаа, тоа беше политички процес. Сето тоа ќе остави последици кај Новак и нема да биде лесно да се врати, но убеден сум дека се уште не го кажал последниот збор – додава Вајда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот