Вајда: Многумина се љубоморни на доминацијата на Новак

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Маријан Вајда веќе 15 години е тренер на Новак Ѓоковиќ и е најзаслужен за сите успеси на српскиот тенисер бидејќи е со тенисерот во освојувањето на сите 20 грен слем титули.

Во последните две години, Вајда не е единствен тренер на Ѓоковиќ, дел од стручниот штаб е и легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ,  и двајцата тренери ги делат обврските на грен слем турнирите. При освојувањето на шестата шампионска титула на Ѓоковиќ на Вимблдон, во тренерската ложа беше Иванишевиќ, но двајцата тренери имаа секојдневна комуникација.

– Ние како тим го делиме секој момент, подготовките, анализите, но не само тоа, ја делиме и страста, приватниот живот со семејствата…Новак е неверојатна личност бидејќи секогаш носи позитивна енергија. На грен слем турнирите, со Горан контактираме секој ден – вели Вајда во интервју за „Спортклуб“.

Словакот исто така вели дека Ѓоковиќ не го заслужува третманот на шампион кај медиумите.
– Многу е компликувано. Медиумите пишуваат што сакаат, можеби имаат некоја цел или сакаат да влијаат на нешто. Никогаш ми изгледа дека пишуваат еднострано и не ја гледаат комплекноста на личноста на Новак. Тој е фантастичен, многу добра и позитивна личност која носи многу добра енергија кај гледачите.
Некогаш луѓето навиваат за аутсајдер бидејќи Новак е толку доминантен и никој не сака да види како повторно победува. Неговата доминација е толку голема да многу луѓе се љубоморни кога гледаат такво совршенство и се прашуваат: Како е возможно, како може толку да победува? Не веруваат дека е возможно – зборува Вајда за „Спортклуб“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот