Вајда: Кога првпат го сретнав Ѓоковиќ, тој ми кажа „Маријан ќе бидам број еден во тенисот“
Тренерот со кој Новак освои најмногу грен-слем титули зборуваше за неговата прва средба со Србинот и за самодовербата на тенисерот
Словакот Маријан Вајда (59), поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, присуствуваше на финалето на тенискиот турнир „Београд опен“ во престолнината на Србија на покана на организаторот и се наврати на својата неверојатна соработка со српскиот играч, како и на нивната прва средба. Ѓоковиќ со Вајда освои 20 од вкупно 24 грен-слем титули.
– Мојата соработка со Новак ја гледам како процес. Кога првпат го запознав, тој беше многу млад, но веќе имаше доверба во себе. Тој ми рече: „Маријан, ќе бидам број еден во тенисот.“ Кога почнавме да работиме, мислев дека не може да биде подобро. Тој стана фантастичен играч и тоа е едноставно неверојатно. Како тренер видов како напредуваше, како подобро тренира, како се развиваше, но за него целта беше да биде број еден во тенисот и да ги освои сите овие турнири, овие грен-слем титули. Тоа беше неверојатно патување – изјави Вајда.
Вајда ја започна соработката со Ѓоковиќ во 2006 година, којашто Србинот ја започна како број 76 на АТП листата, а ја заврши како број 16. Србинот првпат стана број еден во јули 2011 година, кога имаше 24 години. Вајда прекина со Новак во 2017 година, па повторно започна во 2018 година и соработката траеше до 2022 година.
Промени во топ 10 на АТП листата: Алкараз го изгуби второто место, продолжува падот на Ѓоковиќ