Вајда ја отвори душата и откри зошто ја прекина соработката со Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ и Маријан Вајда соработуваа 15 години/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Маријан Вајда и Новак Ѓоковиќ и дефинитивно ја прекинаа соработката која траеше од почетокот на кариерата на спрскиот тенисер. Вајда кој има „свој печат“ во освојувањето на сите 20 гренд слем титули на Ѓоковиќ, смета дека поразот на српскиот тенисер од Данил Медведев во финалето на УС Опен е една од главните причини за разделбата.

Вајда смета со тој пораз беше пропуштена можност Новак да влезе во историјата како тенисер со највеќе гренд слем титули. Вајда на почетокот од неделава ја прекина соработката со Ѓоковиќ, а одлуката била донесена уште за време на завршниот мастерс турнир во Торино.

– Точно е, официјално се договоривме за прекин на соработката по завршниот мастерс во Торино иако таа одлука се насетуваше по УС Опен. Новак со поразот од Данил Медведев во Њујорк припушти можност да дојде до 21 гренд слем титула. Првата работа која тогаш ми ја вети е дека ќе дојде кај мене во Братислава и на убав начин ќе се разделиме – го започна разговорот Вајда за словачките медиуми.

Тој потоа отрива поради што беа послабите резултати на Ѓоковиќ во вториот дел од минатогодинешната сезона.

– Јас бев против неговото учество на Летните олимписки игри во Токио. Имаше многи малку време за подготовки и неуспехот психички го исцпи за продолжението на сезоната.

Вајда му беше тренер на Новак од неговите почетови во професионалниот тенис и за него најмил трофеј му е тој од Вимблдон во 2011 година кога за прв пат се искачи на првото место на АТП ранг-листата.

– Новак на тој 3. јули го победи бранителот на трофејот во Вимблдон, Рафаел Надал со 3:1 во сетови. Тогаш стигна до првиот трофеј на Вимблдон и стана најдобар тенисер на светот. Тогаш за прв пат „го водев“ најдобриот тенисер на светот, откако во претходните девет години Надал и Рожер Федерер се менуваат на тронот – открива Вајда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот