Утре почнува сезоната во Грција: Се отвораат 515 плажи, за непочитување на мерките казни до 20.000 евра

Грција овој викенд за јавноста ќе отвори 515 плажи, што се смета клучен тест во борбата за почеток на туристичката сезона.

На плажите ќе биде забрането спорт, музика и алкохол, а по совет на научниците, заради физичка дистанца ќе биде дозволено само 40 луѓе на 1.000 квадратни метри.

Чадорите за сонце ќе мораат да бидат одалечени најмалку четири метри, со само две лежалки поставени заедно, а во рестораните и баровите на плажите, во кои се препорачува персоналот да носи маски, ќе биде можно само преземање на храна и пијалоци.

За непочитување на прописите предвидени се парични казни од пет до 20.000 евра, кои ќе бидат зголемени ако прекршокот се повторува, најави министерот за безбедност Никос Хардалиас и додал дека претпријатијата кои нема да се придржуваат до законите ќе бидат затворени прво на 30 дена, а потоа на 90 дена.

Се проценува дека туризмот сочинува 25 отсто од грчкиот БДП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот