Утре ќе бидат затворени улиците околу Скопското Кале, МВР и Американската амбасада ќе прават вежба

Фото: МИА

Утре (30.05.2023) со почеток во 08.00 часот, Министерството за внатрешни работи во координација со Амбасадата на САД ќе спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот, соопшти МВР.

„Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“ на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба за сообраќај ќе биде затворен и бул.„Никола Карев“ на потегот од ул.„Македонско- Косовска бригада“ до ул.„8-ми Септември“, како и ул.„Македонско- Косовска бригада“ на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди“ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје“, велат од МВР.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот