Уште една суспензија, без руски возачи годинава во Формула 1

Никита Мазепин нема да учествува оваа сезона во Формула 1/ фото: EPA-EFE/Antonin Vincent

Најдобриот возач од Русија во новата сезона нема да се натпреварува во „најбрзиот циркус на светот“, Формула 1.

Иако имаше навестувања дека на Никита Мазепин ќе му биде дозволено да се настапува оваа сезона во Формула 1, донесена е нова одлука. Американскиот тим „Хас“ реши да го раскине договорот со него поради руската воена агресија врз Украина, што значи дека во Формула 1 годинава нема да има Руси.

Компанијата „Хас“ како причина за раскинување на договорот го наведе и непрофесионалното однесување на Мазепин надвор од патеката. Тој неодамна објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа допира девојки по градите во автомобил само неколку дена по потпишувањето на договорот со тимот.

ФИА им дозволи на Русите и Белорусите да се натпреваруваат под неутрално знаме, а потоа беше добиено известување дека Русинот не би можел да се натпреварува во Силверстон.

Она што е интересно е дека „Хас“ е спонзорирана од руската компанија Уралкали, која е во сопственост на рускиот мултимилијардер Димитриј Мазепин, кој е татко на споменатиот Никита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот