33.8 C
Скопје

Уште 42 ковид пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 596 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 12 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не билe примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 79 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство. 

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 245 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 2 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 41 болен.

Вкупно 596 пациенти потврдени и сомнителни за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 219 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, информираат од ресорното Министерство.

Поврзани вести

Колев за БГНЕС: МИА и МРТ користат говор на омраза насочена кон Бугарија

Пукотница во Нови Сад: Ранет е маж, напаѓачот е уапсен

Слободен Печат

„Политико“: На сите им е преку глава од ставот на Бугарија, губи пријатели со голема брзина и го дестабилизира Западен Балкан

Слободен печат

Андов за Слободен печат: Промена на химната е предизборен маркетинг, и тоа не е приоритет

Дестан Јонузи

Пендаровски-Мими Кодели: Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со ЕУ бидејќи тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион

Слободен печат

Гир: Сите сакаме отворање на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави

Слободен печат

Остави Коментар